Ekspres Radio Strumica
Ekspres Radio Strumica
Slušajte Ekspres Radio Strumica Uživo preko Interneta. Ekspres Radio Strumica FM 101.1 , Zabavna Muzika, Narodna Muzika
O Radio Stanici / ЗА НАС:
Експрес радио е сместено во самиот центар на градот спроти зградата на Општина Струмица. Линковски сме поврзани со предавателниот столб лоциран над Ловен дом. Зрачиме со фрекфенција од 101,1 мегахерци фм стерео и поради добрата поставеност на антенскиот столб Експрес Радио ги покрива и општините Василево, Босилово и Ново Село, како и пограничните места во соседна Бугарија. Со тоа бројката на наши потенцијални слушатели изнесува околу 100.000.
Експрес радио за првпат сигнал во етерот пушти во 1993 година и оттогаш непрекинато работи. На самиот почеток Експрес радио зрачеше на фрекфенцијата 102,5 мегахерци фм стерео. По донесувањето на Законот за радиодифузна дејност во 1998 година Експрес радио согласно со Законот ја промени фрекфенцијата која оттогаш е 101,1 мегахерци фм стерео. Со оваа фрекфенција Експрес радио стана препознатлива во етерот. Во целиот овој период Експрес радио опстојува од рекламирање на своите деловни партнери и пријатели кои за среќа на Експрес радио се многубројни. Со измените на Законот за радиодифузна дејност Експрес радио во јуни 2007 година доби дозвола за работа и според оваа дозвола радиото е со формат програмски сервис музичко говорно радио од општ формат.
Екипата на Експрес радио е професионална и секогаш водечка цел на вработените во Експрес радио е дека слушателот и деловниот партнер секогаш се во право и секогаш се исполнуваат нивните барања. За музиката што се емитува на нашата програма се внимава таа да биде квалитетна. На Експрес радио се емитуваат хитови од забавна македонска и од екс југословенските простори. Секој работен ден од 07 до 10 часот се емитува утринска програма која претставува еден вид на градски информатор и слушателите се запознаваат со се она што се случувало и ќе се случува во градот. Во периодот од 10 до 15 часот секојдневно од студиото на Експрес радио се реализира отворената програма во која се третираат теми од областа на музиката, спортот, филмот, медицината, занимливости како и голем број на теми од секојдневието на нашите граѓани. Во состав на отворената програма се и Минутите за спорт на радио кој се емитуваат во 11:30.
Врз основа на разновидноста на музиката и програмата што се емитува нашата таргет група е различна во однос на старосната структура и таа се движи од 15 до 50 години. Во однос на рекламите што се емитуваат на нашата програма, тие се со фиксен точно утврден термин според медија план, што значи дека секој од нашите деловни партнери знае кога им се емитува рекламата. Токму поради фер играта постојано Експрес радио има над стотина деловни партнери како огласувачи. Не само партнери од Струмица, туку и од целата држава, а тука е и соработката со голем број маркетинг агенции.
Досега Експрес радио има соработувано со голем број на организации. На конкурсите од Советот за радиодифузија досега има изработено голем број на емисии. Експрес радио е членка и на Македонскиот институт за медиуми, преку кои вработените во Експрес радио имаат можност за присуство на голем број на семинари.